Вучиќ пристигна во РТС: Пристигнав пеш, поминав со неколку пцовки, не им се плашам

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ пеш пристигна во зградата на јавниот сервис за да биде гостин на преносот во живо, иако беше најавено од опозицијата дека ќе протестираат против него но и му беше советувано поради безбедносни причини да не гостува во телевизијата.

“Пристигнав во РТС. Благодарам на сите за поддршката”, пишува на Инстаграм профилот на FutureSerbiaAV.

Претходно, Вучиќ рече дека тој дефинитивно ќе дојде во Јавниот сервис и ќе гостува во емисијата во живо, и покрај најавените повици на приврзаниците на Сојузот за Србија да го чекаат пред зградата на јавниот сервис, бидејќи, како што рече, не станувало збор за негова безбедност туку безбедноста и слободата на движење што мора да ги уживаат сите граѓани на Србија.

Претседателот на Србија не смее да се повлече пред насилниците, наспроти заканите и притисоците, бидејќи така покажува дека ничија безбедност во Србија не смее да биде доведена во прашање, рече Вучиќ.

Членовите и приврзаниците на Сојузот за Србија и здруженијата „Еден од пет милиони“, се собраа пред зградата на РТС, за да го пречекаат претседателот на Србија, кој гостува во емисијата „Прашалник“.

Им благодарам на сите луѓе кои без загрижени, Поминав со неколку псовски но успеав да влезам. Секогаш доаѓам од Абердаревата улица, некои момчиња од кафулињата дофрлаа, станаа, но ништо страшно. Ги изненадив што дојдов пеш, рече Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека не сака да употребува сила против насилниците, зошто тоа е сценариото кое тие го посакуваат за да испаднат жртви. Тој најави и дека многу брзо ќе се усвои законот за потекло на имот, и се понуди тој и целото негово пошироко семејство да бидат први на проверка.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада