МЕПСО: Дефект на елемент од високонапонска опрема во ТС „Битола 2“ причина за испадот во РЕК Битола

Од:

Поради дефект на елемент од високонапонска опрема во трансформаторската станица „Битола 2“ регистрирана е безнапонска состојба денеска во 14:17 часот. Од тие причини, автоматски делувала релејната заштита на трансформаторската станица и го исклучила РЕК Битола, потврдуваат од АД МЕПСО.

Екипите на МЕПСО реагирале веднаш и,како што велат од компанијата, во 14:43 часот се создадени услови за повторно вклучување на преносната мрежа на „РЕК Битола“ најголемиот производствен капацитет на електрична енергија во земјава.

-АД МЕПСО, во моментов, врши модернизација на високонапонската опрема во ТС „Битола 2“, електроенергетски јазол на кој е приклучен битолскиот рударско-енергетски комбинат, со што во иднина на минимум ќе се сведат ризиците од испади и дефекти, порачуваат од електропреносниот оператор.

Би можело да ве интересира

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја