Мирен протест во Сараево поради лауреатот на Нобеловата награда за литература

Од:

Претставници на „Здружението на жртви и сведоци на геноцидот во БиХ“ организираа денеска мирен собир пред зградата на Амбасадата на Шведска во Сараево, поради одлуката Нобеловата награда за литература да се додели на австрискиот книжевник Петер Хандке.

Демонстрантите оценија дека со врачувањето на наградата на Хандке е исто како таа да била доделена на некогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Поради радикалните идеолошки погледи и десничарската ангажираност на Хандке, беше покрената е петиција за повлекување на одлуката нему да му се додели Нобеловата награда за литература за 2019 година. Нобеловиот комитетот потоа соопшти дека не постои начин за повлекување на наградата.

На денешниот протест во Сараево, претставничлките на здружението „Мајки од Сребреница“ држеа фотографии од Хандке, на кои се гледа дека тој бил во Сребреница во летото 1996 година, пренесува сараевскиот портал Кликс. Претседателката на здружението Мунира Субашиќ на Амбасадата и предаде писмо за кралот и кралицата на Шведска, во кое ги предупредува дека наградата е доделена некому кој поддрувал злосторство.

– Наградата можеа да ја доделат и на (Радован) Караџиќ и (Ратко) Младиќ и на сите кои извршија злосторства над муслиманите, оцени Субашиќ. Тие ја повикаа Академијата на Шведска да се откаже од доделувањето на наградата и да направи преседан.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски