Најпродаваниот автомобил во својата класа Форд Фокус СТ беше преработен од германската компанија „Волф Рејсинг“ и сега има импресивни 370 коњски сили.
Додека за поголемиот дел од сопствениците доволни се 252 коњски сили со кои раполага 2,0 литарскиот мотор од серискиот Фокус СТ, „Волф Рејсинг“ не сметаат така.
Достапни се неколку верзии на редизајнирани Фокус СТ со 282 и 300 коњски сили. Врв на понудата на германската тјунерска компанија е моделот со 370 коњски сили. Преработени се и елекртонската контролна единица, издувниот систем и филтерот за воздух.
„Волф Рејсинг“ интервенира и на системот за кочење и суспензијата на автомобилот, а достапни се и аеродинамични додатоци.
Форд Фокус СТ моментално е најпродаван автомобил од класата во која спаѓаат модели како што се Голф ГТИ и Рено Меган РС. Откако во октомври 2012 година се појави во продажба, во Европа се испорачани 3.819 примероци.