Ваткан: Официјалното ново име на папата е Франциск

Од:

Ватикан соопшти дека официјалното име на новозибраниот папа е Франциск, без римски бројки.

На прес-конференцијата во Ватикан портпаролот на Светата столица Федерико Ломбарди го прецизираше името на новиот папа со цел да се избегнат евентуални грешки, напоменувајќи дека кардиналот протоѓакон Жан Луис Тауран кој го објави новото име пред светот кажал само Франциск.

– Така е впишано името во првиот документ на Ватикан за новиот папа, додаде портпаролот.

Ломбарди истакна дека овој папа можеби еден ден ќе биде наречен Франциск Први, доколку некој од неговите наследници одлучи да му оддаде почит, преземајќи го неговото име и тогаш би се нарекол Франциск Втори.

Кардиналот Хорхе Марио Бергољо е првиот папа од американскиот континент и првиот папа језуит, а исто така и првиот поглавар на Римокатоличата црква, кој го избра името Франциск, во спомен на Свети Францикс од Асизи или Свето Фрањо Асишки.

Ломради, кој самиот е језуит, изрази задоволство од изборот на името, бидејќи Франциск е „голем сведок на Евангелието“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска