Кога ќе почувствуваме глад, некои би јаделе исклучиво нешто солено, а други пак немаат ништо против гладот да го „убијат“ и со нешто благо.
Оваа одлука влијае на тоа дали во иднина имате повеќе предиспозиции да се здебелите.
Новата студија спроведена на Универзитетот Мичиген открива дека една од овие две групи луѓе имаат поголема склоност кон дебелеење.
Лошата вест е за љубителите на благото, затоа што токму тие имаат поголеми шанси да се здебелат отколку оние кои го бираат соленото.
Во истражувањето учествувале околу 200 деца кои ништо не јаделе еден час, а потоа добиле обилен ручек.
По него биле послужени слатки и солени грицки.
Кога децата пораснале малку, истражувањето открило дека токму на децата кои јаделе благо по ручекот им се зголемила количината на маснотиите, за разлика од другите.
Фактот дека јадеме и тогаш кога не сме глади се зголемува со годинит и влијае на дебелеењето во подоцнежните години, заклучиле научниците.