Централното подрачје на Босна и Херцеговина денеска беше погодено од земјотрес со јачина 5.1 степен по Рихтер. Епицентарот бил 85 километри северозападно од Сараево.
Како што пренесуваат босанските медиуми, најдраматично било во Турбет, каде од покривите паѓале оџаци, а во многу куќи испукале и ѕидовите.
Граѓаните вознемирени ги напуштиле своите домови, а земјотресот се почувствувал во поголемиот дел на БиХ.