ФОТО: Предизборен митинг на „Сојузот за иднината“ во Гевгелија

Од:

Со овации за посакуваната победа за Гевгелија, вечерва масовно се огласија граѓаните на Гевгелија, кои присуствуваа на големиот митинг на опозициската коалиција „Сојуз за иднината“, кој се одржа пред плоштадот „Сава Михајлов“ во центарот на градот. На митингот беа претставени кандидатите за членови на општинскиот Совет, со носителот на листата д-р Сашо Олумчев, и кандидатот за градоначалник на Гевгелија, Саве Марачков.

Пред присутните зборуваше лидерот на опозицискиот блок на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој обраќајќи му се на бројниот народ, нарекувајќи ги „сопартијци, сопатеници, соборци, отпораши“ им посака:

gevgelija (10)

„Вие и таквите како вас во изминативе месеци во Македонија покажавте дека македонскиот народ е горд, храбар, народ кој не трпи неправди, може многу да издржи, но никој неможе да го покори.

Затоа отпорот продолжува, одиме до крај, до конечна победа. Оваа тиранија, овој режим мора да се прегази, зошто ги превртеа сите вредности во општеството: тоа што беше некогаш за стрм, сега е гордост, лагата стана вистина, криминалот доблест, а уставот и законите кочница во владеењето“.

[nggallery id=160]

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар