Куновска ќе гради црква во Карпош 4

Од:

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош Јагнула Куновска на вечерашниот мини митинг во населбата Карпош 4 истакна дека ќе се заложи за економски развој и изградба на православен објект во општината.

– На Карпош му е потребен православен верски објект, на Карпош му е потребна црква. Затоа јас ветувам дека со мојот тим првиот проект за кој ќе се заложиме е изградба на црква во Карпош 4, истакна таа.

Во Основното училиште Петар Поп Арсов, додаде Куновска, планираме да направиме реконструкција на надворешните спортски игралишта, како и на постоечката училишна спортска сала. – Исто така, ќе работиме и на изградба на повеќенаменски спортски игралишта кои ќе можат да се користат деноноќно и се одлична превентива од пороците на модерното живеење. Ќе ги уредиме и парковите околу зградите, а ќе изградиме и во секое од нив по едно детско игралиште, истакнаа таа.

Најави дека во соработка со Градот Скопје, ќе се работи на проектот за проширување на булеварот „Илинден“ до улицата „Никола Парапунов“, а во најкус можен рок ќе почне да се работи на постапката за расчитување на имотно-правните односи за изградба на мост преку реката Вардар.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември