(ВИДЕО) Груевски: Струга е Македонија и Македонија ќе остане

Од:

Сплотени и обединети како никогаш досега. Вечерва сме заедно и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и сите други партии. Ова се историски избори за Струга. Да и помогнеме на Струга, да си помогнеме сите заедnо. Она што го очекувам од вас, не само од партиските членови, туку и оние кои пасивно се однесуваат кон политиката е да излезат на историските избори на 24-ти март.

Ова вечерва од Струга го порача премиерот Груевски во обраќањето до стружани. Тој потенцираше дека Струга немаше доволна излезност на изминатите избори и сега е моментот кога ќе треба работите да се поправат.

Ако може другата страна да носи луѓе со авиони, со автобуси со возови, ако можат тие луѓе да поминуваат илјадници илјадници километри можете вие да излезете од вашите домови и да гласате за Кочоски и советничката листа зад која стојат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и сите други партии. Направете го ова за вас, за вашите деца, за Струга. Можете да ги поддржувате или не поддржувате партиите, тоа е право на секого, но овде не се работи за политика. Се работи за историски момент, дециден беше Груевски.

Груевски се осврна и на последните изјави на кандидатот за градоначаник на Кичево од ДУИ, Фатмир Дехари.

Гледате овие денови еден од кандидатите за градоначалници на Кичево опишува зошто сакале да ги земат и Струга и Кичево. Треба да му покажеме дека ова е Македонија, Струга е Македонија, Кичево е Македонија и Македонија ќе остане, порача Груевски.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар