Бугарското МНР упати протестна нота до официјален Париз за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дадена за списанието „Валор актуел“, дека претпочита легални мигранти од Африка, пред нелегалните украински или бугарски банди, објави Њуз.бг.
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, преку нивниот амбасадор во Франција, Ангел Чолаков, испратила протестна нота до француското Министерство за надворешни работи за спорната изјава на францускиот претседател, Емануел Макрон.
Министерството за надворешни работи, како што пишува весникот, го повикало францускиот амбасадор во земјата, Флоранс Робин, да даде објаснувања
Интервјуто на Макрон наиде на остра реакција во Франција.
Неделникот „Обсерватер“ потенцира дека за првпат францускиот претседател дал интервју за крајно десен медиум.