Демонстрантите во Хонг Конг повторно се собираат на улиците во градот, а полицијата ги претресува сите кои пристигнуваат.
Повеќе од 3.000 демонстранти, од кои поголем број облечени во црно и со маски за лице чие носење е забрането во Хонг Конг, се собираат во паркот Викторија.
Ова е 22-ри последователен протестен викенд, а специјалната полиција е стационирана во споредните улици околу главната деловна област, каде што треба да се соберат демонстрантите во попладневните часови.
Денешниот собир нема официјална полициска дозвола, но тоа не ги спречува луѓето да се придружат, како и претходно.