Лејкерси забележаа четврта победа по ред во НБА

Од:

Лос Анџелес Лејкерс ја остварија својата четврта права победа сезонава по 119-110 над Далас Маверикс.

Леброн Џејмс одигра силен натпревар и заврши со „трипл-дабл“, постигнувајќи 39 поени, 16 асистенции и 12 скокови за Лејкерси. За Далас, Лука Дончиќ исто така направи „трипл-дабл“ со 31 поен, 15 асистенции и 13 скока.

Шампионот Голден Стејт загуби од Сан Антонио со 110:127. „Воините“ играа без нивната голема sвезда Стеф Кари, кој ја скрши раката пред два дена и ќе биде надвор од игра најмалку три месеци. Пети Милс постигна 31 поен за Сан Антонио, додека ЛаМаркус Олдриџ додаде 22 поени.

Д’Анџело Расел беше најпрецизен за Голден Стејт со 30 поени.

Резултати од НБА:

Бруклин – Хјустон 123: 116
Индијана – Кливленд 102: 95
Орландо – Милвоки 91: 123
Бостон – Њујорк 104: 102
Чикаго – Детроит 112: 106
Далас – ЛА Лејкерс 110: 119 по продолжението
Сакраменто – Јута 102: 101
Голден Стејт – Сан Антонио 110: 127

Лидери во дивизии

Источна конференција
Атлантик Дивизија: Филаделфија 4 победи / 0 порази, Бостон 4/1
Централна дивизија: Милвоки 3/2, Кливленд 2/3
Југоисточна дивизија: Мајами 4/1, Атланта 2/3

Западна конференција
Северозападна дивизија: Минесота 3/1, Јута 4/2
Пацифик дивизија: ЛА Лејкерс 4/1, ЛА Клиперс 4/2
Југозападна дивизија: Сан Антонио 3/1, Хјустон 3/2

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он