СДСМ: Владеачката партија најмалку може да зборува за морално право

Од:

„Поради недостатокот на идеи за решавање на проблемите на граѓаните ВМРО- ДПМНЕ, продолжува примитивно да манипулира со човечки судбини и да ги злоупотребува за дневно политички цели“, велат од СДСМ на обвинувањето на Александар Бичиклиски дека опоозиционата партија лажат кога тврдат дека не знаеле за пресудата за Кире Неделковски.

„Секоја личност индивидуално одговара за своите постапки и за тоа решава судот, а не политичките партии.

ВМРО – ДПМНЕ како партија има најмалку морално право да прави јавни прозивки.

Токму на прославата на ВМРО – ДПМНЕ пред една година беше убиено дваесет и две годишно момче, а подоцна од тага за загубата се самоуби и неговиот татко.

Конечно, телохранителот на „фамилијата“ усмрти велосипедист на пешачки премин и до ден денеска за ова сторено дело нема одлежано ниту еден ден затвор и сеуште работи во МВР.

Тука завршуваат сите приказни на ВМРО – ДПМНЕ за совеста и нивниот лажен морал.

СДСМ својот став го искажа вчера преку соопштение за јавноста и секоја понатамошна реакција на владејачката партија е продолжение на нивниот очај, безидејност, манипулација и најповеќе од се вулгарна злоупотреба“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски