(ВИДЕО) Џолев: Барам од судиите да ги убрзаат постапките за предметите што ја интересираат јавноста

Од:

Предметите на СЈО не се одлагаа поради вина на судот, туку поради странките во постапката и периодот за овластувања на специјалните јавни обвинители. Ова го изјави претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев пред новинарите, и рече дека судот ги прави сите напори со постојната бројка на судии и поротници правдата да биде брза.

Џолев рече дека во судот има 24 високопрофилни случаи, од кои, 22 се на СЈО. “Судиите имаа насорчено рочишта. Тоа не е по вина на судот. Обвинителите во тоа време специјални, тие предмети бараа да се одложат поради овластувањата”, рече Џолев.

“Секој судија е независен. Ние разговараме постојано. Јас барам од судиите да ги убрзаат постапките што се од интерес на јавноста. Тоа секако не по секоја цена”

Џолев рече и дека проблем е тоа што на помошниците судии, Судскиот совет им дава негативни оценки зашто наместо да ги судат нивните предмети, се помошници во други постапки. Претседателот на судот го спомна и проблемот со поротниците. Рече дека онаму каде што има поголеми предмети се трудат и поставуваат дополнителни поротници за секој случај. Истекот на 90 дена, како што кажа Џолев, значи дека судењето формално почнува од почеток со читање на записниците од претходните одржани рочишта. Предметот “Тортура” е еден од предметите, каде што поради смена на поротничката, сите сведоци ќе мора одново да сведочат.

А1он објави дека поради различни околности, половина од предметите на СЈО почнале од почеток.

Би можело да ве интересира

Димовска: Целиот судски систем се наоѓа пред голем предизвик – судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Определена е мерка притвор за директорот на „Комунална хигиена“

А1он

Пред денешното рочиште се разболе обвинетиот кој со мотор го усмрти скопјанецот Југослав Николовски

Почина сведок во Кривичниот суд во Скопје

Обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“ ќе биде оценет до крајот на неделава

Катерина Ѓуровски