Сведок на „Ласкарци“: Често се возев со Дурмо турс и брзината вообичаено ми изгледаше дека е над дозволената, не знам за критичниот ден

Од:

Повеќе од година и половина се возам со Дурмо турс и често автобусите се расипуваа, вратите не се затвораа, немаше клима и слично, изјави вториот од повредените патници, сослушан како сведок на денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци.

Сведокот Бетим Амети, рече дека на критичниот ден седел на четвртиот или петтиот ред позади возачот.

– Година и пол се возам со Дурмо турс и до патарината не приметив ништо чудно во возењето. Бев буден, и зошто бев до прозорецот станав да видам што се случува, но веќе автобусот ги проби заштитните огради и излета од патот. Ми изгледаше како да сака да претекне, но нагло свртевме во лево. Често се возев со Дурмо турс и брзината вообичаено ми изгледаше дека е над дозволената, зошто често претекнувавме, но не знам точно на критичниот ден, рече сведокот.

Рече дека не приметил никакво кочење на автобусот или нешто да прави возачот за да го врати автобусот на патот.

– Осетив дека се вртиме и со главата удрив во плафон. Откако паѓа автобусот, јас паѓам во неавест. Знам дека ногата ми беше заглавена од багаж и ми помогнаа другите патници да излезам, изјави сведокот.

Сведокот Амети, рече дека го видел возачот веднаш по несреќата како седи во нивата во близина, во паника и како плаче.

– Имам негативно искуство со Дурмо турс. Често автобусите се расипуваа. Вратите не се затвораа, немаше клима и слично. Сообраќајка, само еднаш кај Сити мол со истиот возач кога удри во автомобил, изјави сведокот.

Случајот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Би можело да ве интересира

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Кривичен: Осудениот Јане Боваровски за „Ласкарци“ согласно пресудата на Врховниот суд се ослободува од понатамошно издржување на казната затвор до донесување на нова одлука

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Манасиевски: Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии ја укинале судската пресуда во која се ослободуваат виновниците за сообраќајната несреќа во Ласкарци

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он