Кинеското МО тврди дека нема воен сојуз меѓу Пекинг и Москва

Од:

Стратегиското партнерство меѓу Русија и Кина не е насочено против трети земји и не претставува воен сојуз, соопшти на брифинг официјалниот претсавник на кинеското Министерство за одбрана, полковникот Ву Цан, во одговор на поставено прашање за можно формирање воена алијанса меѓу Пекинг и Москва, пренесе Тасс.

-Односите меѓу Русија и Кина се сеопфатно стратегиско партнерство и координација во новата ера, и тие не се насочени против трети земји и не се воен сојуз, изјави претставникот на кинеското министерство.

Тој подвлече дека соработката меѓу Пекинг и Москва е „пример за новиот модел во меѓународните односи, што вклучува взаемно почитување, еднаквост и взаемна соработка. Тоа категорично е поразлично од сојузите во кои се наоѓаат некои други земји“, додаде Ву Цан.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала