Епстин веројатно бил убиен, тврди патологот Бејден

Од:

Причина за смртта на продуцентот Џефри Епстин наверојатно е убиство, а не самоубиство, смета патологот форензичар Мајкл Бејден.

– Некои од повредите на Епстин имаат повеќе знаци на убиство со задавување, отколку на самоубиство, гласи неговото мислење.

Бејден, кој 1970-тите накусо беше прв форензичар одговорен за Њујорк, сега е приватен вештак. Учествувал и во неколку случаи каде свој удел имаа славни личности, како оној на О.Џ. Симпсон.

Неговото стручно мислење противречи со официјалните наоди што укажуваат дека тој се самоубил во неговата затворска ќелија, објавени од официјалните лица во август. Тој е приватно најмен од семејството на Епстин.

Самоубиството првично го оспори братот на Епстин – Марк, кој и го најми Бејден за второ мислење.

Мултимилионерот Џефри Епстин беше осуден за трговија со малолетни девојчиња и престапи од сексуална природа.

Би можело да ве интересира

„Киев пост“: САД привремено го суспендираа разгледувањето на голем „пакет“ санкции против Русија

Песков: Вашингтон ни ги испрати параметрите на својот мировен план за Украина

Почина гардистката која беше застрелана во близина на Белата куќа, убиена е од Авганистанец кој соработуваше со ЦИА

САД се во паника: Русија произведува ракети побрзо отколку што може да ги искористи

Европските пратеници ги обвинуваат САД за „политичка двосмисленост“ кон Украина

ВИДЕО: ДНК анализа конечно го откри силувачот и убиецот на Американка во случај од 1975 година