Заменик-шефот на Формула 1 тимот Вилијамс, Клер Вилијамс ги коментираше јавните критики упатени кон тимот од пилотот Роберт Кубица.
Полјакот редовно изразува незадоволство од формата на тимот и неговата работа.
– Повеќе би сакале овие разговори да се одвиваат интерно, во рамките на тимот. Но, во комуникацијата додека возат, се случува пилотите да кажат вакви работи од пилотската кабина, изјави Вилијамс.
Што се однесува до приказната за одбивањето од страна на Кубица да се инсталира ново предно крило во Јапонија, ова е нормална ситуација, посочи претставникот на тимот.
Не можам да замислам дека кој било тим може да земе повеќе од пет резерви од тој дел за една трка. Кога ќе изгубите две или три крила, а уште една трка е пред вас за една недела, што останува да се стори? – вели Клер Вилијамс.