Шест претседатели на судови се заколнаа дека ќе работат законски

Од:

Новоизбраните шест претседатели на основните судови попладнево положија заклетва во Судскиот совет.

Претседателот на Советот, Киро Здравев, рече дека очекува како избрани претседатели да работат чесно и совесно.

Советот ги избра Миле Димовски за претседател на судот во Битола, Лидија Димова во Велес, Миле Ѓорѓиев во Делчево, Љубица Цветковска Стојановска на судот во Крива Паланка, Зоран Стеваноски за претседател на судот во Прилеп и Ѓорѓи Андонов за претседател на штипскиот суд.

Откако ги дадоа заклетвите, новите претседатели отидоа на кафе кај претседателот на Советот, Киро Здравев. Останатите избрани претседатели не положија заклетва, зашто не завршила постапката за жалби.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Филипче: Оксиморон е со партиски протести Мицкоски да се бори против наводно партизирано судство

Џолев: Не сме тука да водиме војни, проблемите во судството се заеднички

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови