Поранешни и сегашни ЕУ и НАТО дипломати: Северна Македонија во последните две години стана извозник на стабилност и демократија

Од:

Со денешната последна сесија на „Охридски дијалог“ на која учествуваше министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска и советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески, заврши овогодинешната средба на членови на Владата на Република Северна Македонија, претставници на Атланскиот совет и поранешни и сегашни ЕУ и НАТО дипломати кои низ стратешкиот дијалог работеа на унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот, информираат од владината прес-служба.

Дел од темите кои беа, информираат од таму, анализирани беа и придонесите, но и придобивките на Северна Македонија, кои треба да се очекуваат во последните месеци пред станување полноправна членка на НАТО, но и во периодот кој ќе следи.

Говорниците се согласија дека Северна Македонија во последните две години стана извозник на стабилност и демократија. Безбедносните реформи кои беа преземени, како и постојаната работа на унапредување на стабилноста на институциите на системот треба да бидат континуиран напор.

„Охридскиот дијалог“ кој е во организација на Охридската група, Владата на Република Северна Македонија и Атланскиот совет се одржа во текот на изминатите три дена.

Би можело да ве интересира

Александар Јовановски води пред Фатмир Дехари во Кичево

Златко Ристов останува градоначалник на Конче

ВМРО-ДПМНЕ: Ѓоко Камчев е нов градоначалник на Валандово

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

Во Неготино излезеност од 46,03 отсто до 17 часот, во Демир Капија 62,71, во Росоман 63 проценти

До 11 часот гласале 9, 21 проценти од избирачите на вториот круг од локалните избори

Предраг Петровиќ