Мајкрософт склучи договор со Пентагон вреден 10 милијарди долари

Од:

Пентагон склучи договор со компанијата „Мајкрософт“ за креирање инфраструктура за чување податоци. Како што синоќа соопшти „Вашингтон пост“, на тендерот учествуваше и „Амазон“, компанија која се сметаше за главен фаворит на тендерот.

-„Мајкрософт“ доби договор вреден 10 милијарди долари на десет години, ако сите договорени работи бидат извршени, се вели во соопштението од Пентагон.

„Амазон“ реагираше поради поразот на тендерот.

-Детална проценка само врз основа на споредбени понуди би придонела исходот да биде поинаков, изјавија од компанијата.

Покрај „Амазон“ и „Мајкрософт“, на тенедерот учествуваа и „ИБМ“ и „Оракл“, компании кои отпаднаа во првичните фази. „Гугл“ го напушти тендерот во 2018 година откако свои вработени ги критикуваа ангажманите со Пентагон.

„Вашингтон пост“, весник во сопственост на Џеф Безос, првиот човек на „Амазон“, заднината на поразот во овој тендер ја гледа во постојаните критики на претседателот Доналд Трамп кон Безос. Се истакнува дека „Амазон“ речиси го доби тендерот пролетва, но Пентагон се предомисли и одлучи да ја разгледа зделката уште еднаш.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија