Бојан Костов освои бронзен медал на Светското првенство за кадети јуниори и У21 што се одржува во Сантјаго, Чиле. Бојан имаше пет победи против ривали од Романија, Србија, Мароко, Индонезија и Русија. Единствено во полуфиналето беше 0-0, но по судиското изјаснување подобар беше противникот од Јордан, кој освои златен медал.
Ова е најголем успех за Бојан во неговата кратка кариера, во која е актуелен европски вицешампион за кадети од ЕП во Алборг и освојувач на бронзен медал на медитеранското првенство во Анталија. Одличен пласман оствари и нашиот најдобар млад натпреварувач во кати Александар Неделковски, кој се бореше за медал и заврши како 5-ти.
Во сабота се очекува многу и од репрезентативците во У21, кои на претходните големи натпреварувања покажаа дека имаат квалитет да се борат за медали. Тука се носителот на бронза од Младинските олимписки игри и медитерански шампион шампон Фахик Весели, кој ќе настапи во -67кг, европскиот шампион Доан Османи ќе не претставува во категорија -75 кг. Тука се и девојките кои освоија златни медали на светскиот куп оваа година, Вероника Костовска во -61 и Ангела Мојсовска во категорија -68кг.
На СП во Чиле учествуваат 1557 каратисти од 96 држави.