Поради неплатени сметки за електрична енергија, општина Струга неколку дена остана без струја. Зградата каде што е сместена локалната самоуправа синоќа беше во темница. Портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски за А1 потврди дека општината била исклучена од мрежата за напојување со електрична енергија токму поради неплатени сметки за струја. За сите неплаќачи важат истите правила на игра, и на никој нема да му се прогледува низ прсти па ниту на општината, рече Ковачевски.
Тој кажа дека откако градските власти ги подмириле заостанатите обврски , вчера попладне им била пуштена струја. Неофицијално заостаниот долг на општината кон ЕВН изнесувал повеќе од 140 000 денари.
Од локалната изјавија дека причина за немањето струја бил дефект на улицата ЈНА, а не неплатени сметки за струја. Инаку во Струга како што неодамна објави А1 без струја повеќе од една година е подрачното одделение на министерството за правда, матичната служба како и подрачното одделение на ДИК кој се сместени во истиот објект.
Вкупниот долг за неплатени сметки сега е приближно 100 000 денари. Правда и другите институции во овој објект се сместени од 2006 година. Од Министерството за правда тогаш за А1 изјавија дека се работи на решавање на проблемот,бидејки биле обезбедени нови простории и оти наскоро ќе имало решение. Иако од тогаш поминаа речиси два месеци, таму ситуацијата е се уште непроменета.
Мики Трајковски