ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Од:

Премиерот Зоран Заев го повика Јавното обвинителство по допрен глас да истражи кој го местел него и останатите обвинети во случајот „Пуч“.

„Ако немало допрен глас досега, нека допре мојот глас до нив. Во тоа време, наместо Јавното обвинителство да го истражи ваквото незаконско прислушување, кршење на човековите права, тоа Јавно обвинителство се стави во функција на политиката, која во тоа време ја водеше извршната власт под раководство на Никола Груевски, го формираше „Пуч“, за да можат мене, господинот Верушевски, мојата сопруга, господинот Бранко Палифров и двајцата други луѓе Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, а веројатно трагаа по планината и по децата на семејството Верушевски конструирајќи монструозност“.

„Некој тоа треба да го истражи во Јавното обвинителство, зашто некој така постапувал во „Пуч“. Верувам дека ќе се зафати некој обвинител да влезе и да истражи вакви случаи, тоа е добро за кариерата на секој обвинител ако обезбеди докази, ние сме живи и здрави да потврдиме…“ рече премиерот по сведочењето за случајот со масовното прислушување „Таргет-Тврдина“.

Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за случајот „Пуч“, бидејќи го отвори предметот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување.

Би можело да ве интересира

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

Левица: Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич