СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ призна дека стои зад таканаречените протести на земјоделците

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека токму таа партија стои зад партиските собири на кои нејзини членови глумат земјоделци.

Безидејното ВМРО-ДПМНЕ во недостаток од реална програма, продолжува преку партиски собири да се обидува да ја искриви реалната слика.

Како и на досегашните таканаречени протести, така и за најавениот во сабота ќе недостасуваат вистински земјоделци, бидејќи вистинските земјоделци не потпаѓаат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски.

Земјоделците се свесни за разликата меѓу партнерскиот однос со Владата предводена од СДСМ и потценувачкиот и манипулативен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон нив.

За само нешто повеќе од две години, Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство ги решија сите проблеми наталожени од 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Се исплатија заостанатите субвенции, финансиската поддршка се зголеми, се реши проблемот со долговите на лозарите, се инвестира во младите земјоделци и жените од руралните средини и се намалуваат трошоците за производство преку воведувањето „зелена нафта“.

ВМРО-ДПМНЕ е навиканто да лаже и манипулира и тоа го прави и денес како опозиција. Затоа загуби на претходните избори и затоа ќе загуби и на предвремените избори на 12 април.

Граѓаните нема да дозволат обнова на манипулациите и пристисоците врз земјоделците, граѓаните ќе дадат поддршка на политиките што го носат земјоделството на прав пат“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ