Захариева: Историска грешка е непочнувањето на преговори на Северна Македонија со ЕУ

Од:

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева смета дека одлуката за стопирање на планираниот почеток за претпристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија е груба историска грешка.

– Бугарија кажа едно големо „да“ за започнување на преговорите, изјави Захариева, додавајќи дека Северна Македонија заслужува да ги започне преговорите за членство со Унијата.

Таа изрази уверување дека нема кој да ја украде бугарската историја и оти тоа не треба никој да го загрижува.

Бугарската агенција БГНес која ја пренесe изјавата на Захариева, потсетува дека на последниот Самит во Брисел минатата недела францускиот претседател Емануел Макрон стави вето на почетокот на претпристапните преговори со Скопје и Тирана.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната