Бени Ганц ќе добие мандат за формирање нова израелска Влада

Од:

Израелскиот претседател Рувен Ривлин денеска ќе му даде мандат на лидерот на партијата Бело – Сино, Бени Ганц да формира коалициска Влада, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Од кабинетот се наведува дека мандатот ќе му биде даден на Ганц бидејќи досегашниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху не успеа да формира Влада.

Нетанјаху претходно изјави дека се откажува од напорите да формира нова Влада, откако не успеа да обезбеди мнозинство во Парламентот по септемвриските избори.

Лидерот на партијата Ликуд истакна дека му го враќа мандатот на претседателот Ривлин, откако се обиде „да воспостави Влада на широко единство“.

– Последните неколку недели се обидував да го седнам Ганц на преговарачка маса, да формирам Влада на широко единство и да избегнам нови избори, нагласи Нетанјаху.

Партијата на Ганц во кратко соопштение наведе дека е одлучна да формира либерална обединета Влада.

Доколку и Ганц не успее да формира Влада, тоа веројатно ќе доведе до нови парламентарни избори, трети од април досега.

На изборите одржани минатиот месец, Ликуд на Нетанјаху освои 32 места во Парламентот, а партијата Бело – Сино на Ганц 33, од вкупно 120 пратенички мандата.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци