Британски турист кој во Австралија спаси две деца од напад на ајкула, заработи отказ, бидејќи во тоа време требало да биде на боледување.
Целиот настан се случил на една австралиска плажа каде што Пол Маршалси уживал со своите пријатели.
Некој викнал „Ајкула“, тој забележал дека една ајкула пливала кон децата кои се играле во водата.
Скокнал во водата и ајкулата ја одалечил од децата, доведувајќи се себе си во опасност.
Но кога се вратил во Британија, тој и неговата жена добиле отказ од хуманитарната организација во која што работеле.
На нив „Клубот за млади“ им одобрил одмор, поради стресот на работата. Бидејќи ја виделе снимката, работодовците одлучиле на Пол да му дадат отказ.
Елена Георгиевска