Мајката на кардиналот Кристофер Шоенборн од Австрија се надева дека нејзиниот син нема да стане папа, бидејќи се плаши дека нема да може да го гледа и дека интригите во Ватикан ќе остават траги на него.
-Целото семејство стравува за неговата безбедност – изјави 90-годишната Елеонора Шоенборн.
Потсетувајќи се на последниот говор на папата Бенедикт во текот на кој јасно стави до знаење дека папата мора целосно да и припаѓа на црквата, таа изјави дека во тој случај за неа ќе заврши се.
Кардиналот Кристофер со неговата мајка, која живее на другата страна на државата, се гледа на неколку недели секоја година.
Доколку биде избран за нов папа, знам дека повеќе нема да го гледам. Премногу сум стара за да патувам до Рим- изјави таа.
Кристофер е еден од потенцијалните кандати за папа, а беше и поранешен студент на Бенедикт.
Но, внимателните ставови по прашањата за реформи и остри несогласување со одредени свештеници од Австрија, би можеле да му наштетат.
Тој не дорасна за сплетките во Ватикан. Има доста интриги и во Беч – изјави Елеонор.
На своите блиски им рекол да не се вознимируваат премногу, бидејќи е сигурен дека нема да стане нов папа.