Норвешката полиција соопшти дека е уапсена жената која ја бараа заради врска со крадецот на амбулантното возило со кое денеска во инцидент во Осло беа повредени три лица, од кои две се бебиња, јави ДПА.
-Таа е уапсена неколку часа по инцидентот, изјави на прес конференција Јохан Фредериксен од полициските сили во Осло.
Станува збор за 32-годишна Норвежанка, која ќе биде осомничена за обид за убиство.