Туск: Одлуката за одложување на Брегзит за неколку денови

Од:

Лидерите на ЕУ ќе одлучат „во следните денови“ дали ќе и се одобри на Велика Британија уште едно продолжување на рокот за излез од Унијата.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, воедно, истакна дека нивната одлука зависи од развојот на ситуацијата во Лондон.

– Одлуката за продолжување на рокот за Брегзит за три месеци, по 31 октомври, во голема мера ќе зависи од тоа што ќе одлучи или нема да одлучи британскиот Парламент, изјави Туск.

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера доживеа уште еден пораз откако претседателот на Долниот дом на Парламентот, Џон Беркоу соопшти дека Владата не може да бара од пратениците повторно да гласаат за договорот за Брегзит.

Џонсон апелираше до пратениците оваа недела да го одобрат договорот за Брегзит, нагласувајќи дека ниту тие, ниту ЕУ, ниту јавноста не сакаат ново одложување на излезот на Британија од Унијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска