Вајгл: ЕУ ја измами Северна Македонија

Од:

Неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија е катастрофална одлука што го поткопува кредибилитетот на ЕУ и нејзините институции кај сите земји со кандидатски статус, оцени Иво Вајгл, поранешен словенечи пратеник во Европскиот парламент и известувач за земјава во периодот од 2014 до 2019 година.

Во интервју за Еуропијан Вестерн Балканс, Вајгл силно го критикува неуспехот на Европскиот совет да и даде датум за отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија.

– Би рекол дека ова едноставно е измама. Ова не е прифатливо за која било земја дури и за Франција, да блокира ваква работа против желбите на сите, дури и ја засрамува Европската унија, рече Вајгл.

Тој потсетува дека беше еден од потписниците на предлогот за доделување на Нобеловата награда за мир на Алексис Ципрас и Зоран Заев, посочувајќи дека Договорот од Преспа е еден од ретките позитивни случаи во овој дел од светот со кој еден сложен политички проблем беше решен на демократски начин.

– И некој сега тоа го фрли во корпа за отпадоци и ги обезвредни напорите на овие државници, со што потврди дека оние кои беа против овие договори се во право, вели Вајгл.

Според него, ова испраќа лоша порака до оние кои работат на слични договори во регионот.

– Тие ќе се запрашаат себеси ако ЕУ може, зошто не и ние? На овој начин кредибилитетот на европската политика, воопшто, е поткопан, нагласува поранешниот европратеник Иво Вајгл.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната