Премиерот на Косово, Хашим Тачи негираше дека Приштина попуштила и дека е подготвена за формирање на заедница на српски општини, да изврши измени во косовскиот устав.
-Синоќешната изјава на претседателот Томислав Николиќ зборува за политичката незрелост – изјави Тачи пред пратениците на косовското собрание, пренесувајќи го извештајот од последната рунда на дијалогот со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ.
Николиќ по состанокот со шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон изјави дека Приштина која што до сега инсистираше секое решение да се вклопи во нивните законски рамки, попушти.
-Тоа го правеше Милошевиќ, а сега тоа го прави и Николиќ. Тоа е типична политичка лага на Белград – изјави Тачи.
Елена Георгиевска