Мињон најави дека на Косово ќе му биде одобрено да следи заседанија на ПССЕ

Од:

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан Клод Мињон најави денеска во Белград дека на Косово ќе му биде одобрено да следи заседанија на ПССЕ без право да се обрати, да учествува во расправа и без право на глас.

– Одлучивме ПССЕ да го прошири дијалогот со претставници на сите политички сили избрани во косовското Собрание. Затоа Административниот одбор ќе одобри косовски избрани претставници да учествуваат во наши одбори, освен во одбори за мониторинг и во Законодавниот одбор. Ќе им се даде право за следење на пленарни заседанија, без право да земат учество, да се обратат на пленарни седници или да гласаат, наведе Мињон.

На посебна седница на Собранието нa Србија, Мињон изјави дека е финализирана резолуција за Косово на ПССЕ во која е нагласено дека сите кои живеат на Косово имаат право да уживаат во владеење на правото. Тој додаде дека текстот на резолуцијата е финализиран и дека СЕ почитува политика на статусна неутралност.

Мињон порача дека Србија и целиот регион по секоја цена мора да станат дел од заедницата на европски држави и наведе дека Косово е комплексно прашање, но мора да се реши за да се обезбеди траен мир и стабилност. Мињон додаде дека поддржува контруктивен пристап на Србија во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина