На литургијата „ За избор на римски папа“, кардиналите од конклавата повикани да работат на единството на католичката црква

Од:

Кардиналите кои учествуваат на папската конклава денеска беа поканети заедно да работат на изградбата на единството на католичката црква и да му укажат помош на „наследникот на (Свети) Петар“ за време на литургијата во базиликата „”Св. Петар“, пренесе ДПА.

Во својата проповед на литургијата „Pro eligendo romano pontifice“ (За изборот на римски папа) доајенот на кардиналскиот колегиум кардинал Анџело Содано му заблагодари на Бенедикт Шеснаесетти за „неговиот блескав понтификат“, што траеше приближно осум години, и изјави дека најмилосрдното дело е евангелизацијата.

Благодарницата на Содано кон Бенедикт Шеснаесетти беше проследена од бура ракоплескања.

Денеска попладне 115-те кардинали ќе почнат со изборот на наследникот на Бенедикт Шеснаесетти, кој се повлече од светиот трон во текот на февруари.

Содано ја истакна одговорноста на Католичката црква на меѓународен план.

-Последните папи беа двигатели на многу иницијативи, корисни за народите и меѓународната заедница, и незапирливо ја бранеа правдата и мирот. Да се помолиме и следниот папа да го продолжи тоа незапирливо дело на светско ниво, повика Содано.

Италијанскиот кардинал во говорот не ги спомена ниту сексуалните скандали и корупцијата во Црквата, ниту реформите што треба да ги изврши новиот папа, забележаа агенциите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска