Чисти глупости се пишувањата дека Заев барал да се одблокираат 750 илјади евра, тврди обвинителот Пановски

Од:

Обвинителот во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, Наум Пановски за „А1он“ ги демантира пишувањата на италијанскиот весник „Ла Верита“ за инволвираност на премиерот Зоран Заев за случајот со одмрзнување на парите од „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13.

„Глупости чисти, од збор. Едно да се совпаѓа, ама ништо не се совпаѓа. Јас го работев случајот, да, но ништо хронолошки не се совпаѓа. Вилма тогаш не беше шефица на Обвинителството. Ние шест месеца ги држевме средствата замрзнати“, вели Пановски за „А1он“.

Русковска беше избрана за шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во ноември 2018 година. Од Обвинителството најавија демант на пишувањата на весникот.

Извадок од текстот на „Ла Верита“

Весникот „Ла Верита“, во текстот потпишан повторно од италијанскиот новинар Ларис Гајсер,  кој ги објави видеата од домот на Орце Камчев, пишува дека осомничувањето на Фросина Ременски претставува амортизација со која премиерот Зоран Заев се обидува повторно да се спаси од кривична одговорност.

„За време на нашето истражување добивме потврда дека Управата за финансиско разузнавање, сомневајќи се на некои незаконски дејства при трансакцијата на парите на Силјан Мицевски, го замрзнала плаќањето од 750.000 евра извршено во корист на Лилјана Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за кривичното дело уредно го известило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на чие чело е обвинителката Вилма Русковска. Таа тогаш го имала целото право да определи притвор на неодредено време и да почне истрага“, пишува италијанскиот весник.

Според пишувањата на весникот, обвинителот Наум Пановски сведочел пред републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, дека по блокирањето на парите за пензионерката Тодоровска уплатени од ГП „Пелистер“ следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите.

Во написот се тврди дека Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите, а Русковска му наредила на обвинителот Пановски задолжен за случајот, да ги следи директивите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русковска: Јанева влезе во мрежата на самопрогласениот естраден уметник

Васко Маглешов

Боки 13, по викендот, се враќа во Шуто Оризари, во вторник почнува судењето за „Рекет“

Васко Маглешов

Правобранителот ќе ѝ ги бара 157-те илјади евра на Јанева ако Обвинителството отвори истрага

Васко Маглешов

Финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во куќен притвор, најави Русковска

Васко Маглешов

Катица Јанева не ставила потпис на готова истрага за „Скопје 2014“

Васко Маглешов

Катица Јанева бара апанажа

Васко Маглешов