Минатата година во земјава се регистрирани вкупно 243.403 невработени лица евидентирани на 31 декември во Агенцијата за вработување.
Најмногу невработени 47.342 лица се регистрирани во Скопје, со 21.247 невработени на второ место е Тетово, во Куманово имало 19.463 невработени лица, во Прилеп 17.017, во Битола 15.428, во Струмица се регистрирани 13.642 лица, во Велес 10.914 и во Гостивар 10.383. Следат со 8.853 неработени лица Охрид, Кичево со 7146, Струга со 7.094, Штип со 5.451, Крива Паланка со 5361… Најмалку невработени има евидентирано во Крушево 1.631 лица.
Во споредба со претходната година, во 2012 година бројот на невработени е намален за 37.741 лице, во однос на 2010 за 77.938 и во однос на 2009 година кога во евиденцијата на Агенцијата се регистрирани 341.295 невработени лица, во 2012 година бројот на невработени е намален за 97.892 лица.