Иран ќе го тужи Холивуд поради „Арго“

Од:

Иранските медиуми денеска пренесуваат дека властите планираат да го тужат Холивуд поради, со Оскар наградениот, филм „Арго“, бидејќи, според нив, филмот претставува „нереален портрет“ на Иран.

Дел од иранските медиуми пренесуваат дека во Иран проистигнала француската адвокатка Изабел Кутан-Пјер заради разговор околу тоа како и каде да се поднесе тужбата. Кутан-Пјер беше адвокат и на озлогласениот венецуелски терорист Илич Рамирез Санчез, познат и како Карлос Шакал.

Одлуката за поднесување тужба е донесена откако филмските критичари и и функционери од областа на културата во Иран го гледаа филмот на затворена проекција во Техеран доцна синоќа.

Иранските функционери во февруари, откога „Арго“ го доби Оскарот за најдобар филм изјавија дека станува збор за антииранска и про-ЦИА пропаганда.

Филмот на Бен Афлек се занимава со бегството на шестмина американски заложници од заробената американска амбасада во Техеран во 1979 година.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ