Ердоган: Ќе разговарам со Путин за Сирија во Сочи

Од:

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека следната недела ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за распоредување на силите на сириската Влада во планираната „безбедносна зона“ во северниот дел на Сирија, но и предупреди дека Анкара „ќе ги реализира своите планови“ ако не се постигне решение.

Турција и САД во четвртокот договорија прекин на огнот во Сирија во рок од пет дена, за да можат Курдите да се повлечат од „безбедносната зона“, а Ердоган ќе отпатува во Сочи на итен состанок со Путин.

– Турција ќе ги уништи курдските сили во северна Сирија, ако тие не се повлечат од областа во текот на договорените 120 часови, посочи Ердоган.

Претходно, турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека армијата е подготвена да ја продолжи офанзивата во северна Сирија ако не се применува во целост договорот со Вашингтон за привремен прекин на огнот.

– Ја прекинавме операцијата на пет дена. За тоа време терористите треба да се повлечат од безбедносната зона, нивното оружје ќе биде собрано, а позициите уништени. Ако тоа не се случи ние ќе ја продолжиме операцијата, истана Акар.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица