Алијанса за Албанците: Предвремените избори се добра вест

Од:

За Алијанса за Албанците е добра вест што ќе има предвремени парламентарни избори. Портпаролот на партијата Флакран Беџети на прес-конференција рече дека лидерската средба ќе биде прилика за усогласување меѓу партиите како да се одвива изборниот процес.

-По вчерашната вест дека нема датум за почнување на преговори со Европската Унија, денеска е добра вест дека премиерот Заев дал изјава во која вели дека треба да се оди на предвремени парламентарни избори. За нас како Алијанса на Албанците е прифатлива и ја поздравуваме. Се надеваме дека на утрешната средба лидерите на политичките партии ќе се согласат како треба да се спроведе целиот овој процес. Ние сме убедени дека на државата и треба нов политички легитимитет при што ќе дојдат политички сили што ќе имаат кредибилитет да ја сносат одговорноста и во најскоро време да се добие датумот кој, на некој начин, ги разочара сите наши граѓани, рече Беџети.

Партијата смета дека новите избори се добри и за промена на власта.

-Ние како Алијанса за Албанците сме подготвени за предвремени избори со силно убедување дека ќе ги поразиме политчките противници, односно ДУИ, кои подолго време – две децении ги претставуваат гласачите Албанци, истакна Беџети.

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

ВРЕДИ: Го поздравуваме враќањето на Алијансата за Албанците на фронтот на промените

Пратеничката Мимоза Муса од Алијанса за Албанците останува дел од владината коалиција

Мицкоски не потврдува дали сите што му свртеа грб на Таравари ќе ги задржат функциите

Катерина Ѓуровски

Касами: Неколкумина индивидуалци ја напуштија Алијанса за Албанците, останатите ќе продолжат да бидат дел од Владата

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии