Обединети за Македонија: Не ја злоупотребувајте моменталната ситуација за ситни политички поени

Од:

Во овие моменти за добивање преговори со Европската Унија, Обединети за Македонија ги повикува сите политички партии и организации да не ја злоупотребуваат моменталната ситуација за политички поени.

„Јасно е кажано од денешната прес-конференција на Советот на Европа дека Македонија ги исполни сите услови за почнување на преговорите со Европската Унија. Пречка се внатрешните несогласувања меѓу земјите-членки за кои сме сигурни дека во Мај наредната година ќе се надминат.

Влезот на Македонија во Унијата е за доброто на сите граѓани на македонската држава. Тоа е надпартиско и сите сме одговорни за иднината на оваа држава.Затоа ги повикуваме сите партии: Ако сте искрени и се борите за подобра иднина на македонската држава, не ја злоупотребувајте моменталната ситуација за ситни политички поени.Вистинскиот патриотизам се гледа на дело. За резултатот во иднина одговорни сме сите. Затоа, сите заедно и сложно да работиме за подобра иднина на нашата татковина“, се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната