Јункер: Направена е историска грешка

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на прес-конфернецијата по завршувањето на дводневниот Самитот на ЕУ во Брисел рече дека не отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е историска грешка.

– Овде не станува збор за тоа дали земјите се подготвени за влез во ЕУ, туку дали кандидатите ги исполнија условите за почеток на преговори. Многу земји сметаа дека немало таква подотвеност. Јас мислам дека тоа е историска грешка, изјави Јункер, изразувајќи голема разочараност од резултатот од дебатата за проширувањето.

На прашањето кои се последиците доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ, Јункер рече ако ова е крај на проширувањето треба да се соочиме со сериозни критики.

– Ние ги охрабрувавме овие земји, им помагавме и ги посетувавме овие земји и дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања, изјави Јункер.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Никогаш нема да се повлечеме од преговори со ЕУ, цел на оваа Влада е државата да стане дел од Унијата

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ, САД и НАТО ја зајакнаа својата заедничка позиција за Украина

Горан Наумовски

Европските лидери поставија пет услови пред средбата Путин-Трамп

ЕУ подготвува нови санкции кон Русија

Калас: Нема отстапки додека Русија не се согласи на безусловно примирје

Орбан: Единствен разумен потег на лидерите на ЕУ е да започнат самит ЕУ-Русија