Црвенковски: Ова е земја која беше економски лидер на Балканот, а сега е на дното

Од:

Сојузот за иднината вечерва на митинг ја бараше довербата за своите кандидати во Берово и Делчево.

Отворање откупен центар, проекти во инфраструктурата и развој на туризмот, најави кандидатот за градоначалник на СДСМ за Берово Звонко Пекевски пред беровчани.

– Со јавно приватно партнерство може да се отвори откупен центар за земјоделски производи во соработка со берзата на земјоделие во Струмица, капацитети за обработка на овошје и зеленчук.

– За развој на туризмот во делот како препознатлива туристичка дестинација планираме да се ревитализира Ловниот дом, како и обезбедување услови за развој на ловниот и риболовниот туризам, рече Пекевски.

Лидерот на партијата Бранко Црвенковски порача дека мора да се стави крај на, според него, неодговорната власт.

– Ова е земја пред колапс, ова е земја која беше економски лидер на Балканот, а сега е на дното, рече Црвенковски.

Тој додаде дека актуелната власт мора да се победи на 24 март.

– Тоа е можност за вашиот глас  во еден ден да се брои двапати, да заврши две работи, да извојува две победи, укажа претседателот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ