Тачи: Со победата на Села се очекуваат вонредни параламентарни избори на кои ДПА ќе се врати на власт

Од:

Демократската партија на Албанците вечерва на митинг во Делогошда ја бараше поддршката за својот кандидат Зијадин Села. Лидерот на партијата Мендух Тачи порача дека со победата Села не се става крај, туку се очекуваат вонредни парламентари избори кога, според него,  ДПА ќе се врати на власт.

Обраќајќи се пред присутните потеницра дека Албанците во Македонија не ја уживаат целосно слободата и оти тоа најдобро се потврдило со последните случувања во Скопје.

– Албанците и во поранешна Југославија служеа како екпериментален полигон за сите  успешни акции. И денеска сме експериментален полигон на политиката на Ахмети и  Груевски, потенцира  Тачи.

Кандидатот за градоначалник на Струга од ДПА Зијадин Села, рече дека коалицирањето на ДУИ со Фијат Цаноски е предавство за Албанците затоа што, според него,  пред четири  години Албанците биле повикани да не гласаат за Цаноски.

– Реакцијата на ДУИ  за заедничката листа на СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ во Струга е чиста манипулација затоа што ДУИ двапати гласаше за продолжување на рокот за кандидатските листи. Целта на партијата на Цаноски, ПЕИ, е во заедничката листа со ДУИ да оствари што повеќе советници и да вработи повеќе луѓе. Доколку ВМРО- СДСМ освојат 11 советници, тогаш ќе им се приклучат нив и ќе создадат мнозинство во Советот на Општина Струга, посочи Села.

Тој обвини дека Струга е во тотален хаос, дека се узурпирани плажите, а како што додаде, улиците, парковите и училишните дворишта  се претворени во паркинзи.

Демократската партија на Албанците вечерва одржа предизборни митинзи и во струшките села Велешта и Радолишта.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226