Трамп со порака до Ердоган: Не бидете опасно момче, ќе ве паметат како ѓавол

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп на 9 октомври, на денот на почетокот на турската акција во североисточна Сирија, му напишал писмо на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во кое го предупредил, доколку ситуацијата во Сирија не биде решена на хуман начин, дека во историјата ќе биде запаметен како ѓавол.

На почетокот на краткото писмо, што на Твитер го објави новинарката на Фокс, Триш Реган, американскиот претседател на својот турски клега му предлага да постигнат „добар договор“.

„Не сакате да бидете одговорен на масакр на илјада луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништувањето на турската економија, а ќе го сторам тоа“, навел Трамп, кој веќе воведе некои санкции кон Турција и се заканува дека ќе ги прошири на начин што тие ќе бидат уништувачки за турското стопанство.

Во писмото Трамп истакнува дека тешко работел за да се решат некои од проблемите на Турција и на Ердоган му порача да не го разочарува светот.

Додава дека Ердоган може да добие одличен договор и дека курдскиот генерал Мазлум Кобани е подготвен да преговара со него.

„Тој е подготвен да ви даде отстапки какви Курдите никогаш во историјата не дале“, наведува американскиот претседател и додава дека на Ердоган му го испраќа писмото на курдскиот генерал кое штотуку го примил.

„Историјата на вас ќе гледа со одобрување доколку ова го изведете на хуман начин, но ќе ве запамети како ѓавол доколку не се случат добри работи. Не бидете ’опасно момче’. Не бидете будала“, заклучи Трамп.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он