Билт: Европската унија се соочува со пропаѓање на нејзиниот кредибилитет на Балканот поради ветото на Франција

Од:

Поранешниот премиер на Шведска и специјалниот претставник на Европската унија за поранешна Југославија Карл Билт предупреди дека ЕУ се соочува со колапс на целокупниот пристап и кредибилитет во Западен Балкан, поради блокадата на Франција за почеток на разговорите со Албанија и Северна Македонија.

„Поради заканите на Франција да стави вето на отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија, ЕУ се соочува со пропаѓање на целокупната политика за пристап и кредибилитет на Балканот“, напиша Блит на својот профил на Твитер.

Карл Билт изрази надеж дека лидерите на ЕУ на самитот во Брисел ќе можат да го „избегнат овој распад“.

Откако министрите на ЕУ не постигнаа консензус за отпочнување разговори за пристапување со Северна Македонија и Албанија поради опозицијата од Франција, но и Холандија и Данска, шефовите на држави на ЕУ и ЕУ треба да разговараат за ова на 17 и 18 октомври, Самитот во Брисел.

Би можело да ве интересира

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум

Европа останува без пари за Киев

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија

Во ЕУ има 15,7 судии на 100.000 жители, а во Македонија 20,1