Германскиот производител на автомобили БМВ по февруари 2013 година го презема првото место од Ауди на позицијата водечки производител на премиум автомобили во светот.
На трето место се наоѓа уште еден германски производител Мерцедес.
БМВ во првите два месеци на 2013 година низ целиот свет испорачал 222.207 автомобили, а во февруари остварил раст од 9,2 проценти во однос на истиот месец 2012 година.
Овие резултати се постигнати во најголем дел благодарение на зголемената побарувачка за автомобилите од Серија 3 и моделот БМВ Х1.
Досегашниот лидер Ауди, кој падна на втората позиција, наспроти растот од 3,2 проценти во февруари, во првите два месеци на 2013 година продал вкупно 221.800 автомобили или 407 помалку од својот ривал.
Мерецедес се уште го зазема третото место со 184.978 испорачани возила. Компанијата во текот на февруари забележа пад на продажбата од 5,8 проценти во споредба со истиот период 2012 година.