Пентагон не му дава документи на Конгресот за истрагата против Трамп

Од:

Пентагон денеска соопшти дека не е во можност да му издаде документи на одбор на Претставничкиот дом во врска со истрагата против американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи како причина„ правни и практични прашања“.

Британските медиуми јавуваат дека во документот Пентагон наведува дека Претставничкиот дом нема резолуција со која истрагата за претседателот е одобрена, како и тоа дека не може да направи документи за осум дена, колку што трае судскиот рок.

„Одделението во овој момент не може да го одобри барањето за издавање документи. Одделението, сепак, ја почитува надзорната улога на соодветните одбори на Конгресот и е подготвено да соработува со вашиот одбор доколку постои соодветна резолуција за ова прашање“, се наведува во писмото на Пентагон упатено до Конгресот.

Демократите во Конгресот отворија постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп обвинувајќи го дека од Украина барал помош да го извалка името на Џо Бајден, моментално водечкиот кандидат меѓу демократите за претседатеслките избори во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Тројца повредени во торнадо во Небраска, стотици куќи оштетени

(ВИДЕО) Десетици торнада го погодија централниот дел на САД, има повредени

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати