Ромпеј: Се надевам дека ЕУ ќе ја награди политичката храброст на Северна Македонија

Од:

Поранешниот претседател на Европскиот совет и премиер на Белгија Херман ван Ромпеј денеска од Белград порача дека клучот на просперитетот не се наоѓа ниту во Пекинг, ниту во Москва, ниту во Анкара, туку во Брисел.

Истакнувајќи дека косовското прашање е клучно на патот на Србија кон евроинтеграциите, Ван Ромпеј изрази очекување дека тој проблем ќе биде решен кога ќе се врати довербата, како што беше случајот со Северна Македонија. Според него, спорот за името бил решен благодарејќи на довербата и храброста на двајца лидери.

– Навистина се надевам дека ЕУ ќе ја награди политичката храброст. Кога имаме доволно доверба можно е да се надминат емоциите и ирационалните моменти и да се постигне договор, истакна Ван Ромпеј, кој учествува на конференција во Србија.

Тој уште потенцираше дека мир ќе постои кога сите држави од поранешна СФРЈ ќе станат дел од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум

Европа останува без пари за Киев

ЕУ: Приватниот капитал е клучен извор на сила и предност во однос на Русија